Де Бруин подготвен за Данците

ЕУРО продолжува денес со три нови натпревари од второто коло.
Репрезентацијата на Белгија има можност да го осигураат пласманот во нокаут фазата пред крајот на рундата, која ќе ги одмери силите со Данска.
Охрабрувачки вести доаѓаат за Белгијците и селекторот Мартинет пред дуелот против Данците.
Една од најголемите sвезди на репрезентацијата Кевин Де Бруин ќе биде подготвен за денешниот натпревар.
“Кевин е подготвен што се однесува до докторската одлука, тој има дозвола да настапи. Единствено прашање е колку може да игра и како да го искористиме двапати за пет дена за да дојде до целосна физичка подготвеност. Јас сум многу задоволен од неговиот напредок секој ден се повеќе и повеќе напредува и тоа нè охрабрува“, рече Мартинез.
Да се потсетиме, Де Бруин го пропушти првиот натпревар на ЕУРО против Русија затоа што беше во фаза на опоравување од повредата што ја заработи во финалето на Лигата на шампионите, каде неговиот Манчестер Сити беше поразен од Челзи со 1-0.
Дуелот помеѓу Белгија и Данска е на програмата денес во 18 часот.
Покрај споменатиот натпревар, на програмата се уште два натпревари на ЕУРО. Украина и Македонија ќе се сретнат во 15 часот, а Холандија и Австрија ќе се натпреваруваат во 21 часот.



