Де Брујн: Фудбалот би бил досаден доколку најдобриот тим секогаш победува

Манчестер Сити го порази Арсенал на „Емирати“ со 3:0 во неделата, но многумина веруваат дека актуелниот шампион нема сили да го стигне Ливерпул.
„Граѓаните“ имаат дури 14 поени помалку од Ливерпул, кој во 17 натпревари запишал само едно реми и 16 победи. Ливерпул изгледа како никогаш порано, подготвени да ја освојат титулата, а на „Етихад“ полека се помируваат со тој факт.
„Знаеме дека изгубивме премногу поени досега, но тоа е тоа. Ако во фудбалот секогаш победува најдобриот, тогаш веројатно тоа би било здодевно, нели?“ изјави Кевин де Брујн, еден од најдобрите играчи на Сити оваа сезона.
Сити имаше две импресивни сезони во низа, но во ова претрпеа дури четири порази во 17 кола и едноставно изгледа дека ќе се засноваат на Лигата на шампионите.
Но, не, нема да биде лесно ни во Лигата на шампионите, во следната рунда тимот на Пеп Гвардиола ќе игра против Реал Мадрид.



