SportM
Фудбал

Де Хеа дефинитивно нема да се брани против Ливерпул

Д М16 окт 2019
Де Хеа дефинитивно нема да се брани против Ливерпул

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Солскјер дефинитивно ќе остане без услугата на првиот чувар на мрежата, Давид Де Хеа, на дербито против Ливерпул, потврди денес Островот.

Де Хеа се повреди на натпреварот помеѓу екипите на Шпанија и Шведска, а поради повреда мораше да го напушти натпреварот во второто полувреме.

По натпреварот се појавија шпекулации за тоа дали тој ќе игра против Ливерпул, а сега дефинитивно е потврдено дека нема.

„Лошата вест за нас е повредата на Де Хеа. Се надевам дека не е ништо сериозно и тој брзо ќе се врати на голот“, изјави првиот играч на „црвените ѓаволи“ Хуан Мата.

Освен Де Хеа, Солскјер не може да смета на Погба, Шоу, Џонс, Марсиал, Ван-Бисак, Фосу-Менсах и Бајли.

Натпреварот Манчестер Јунајтед – Ливерпул се игра на „Олд Трафорд“ во недела од 17:30 часот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.