„Де Хеа е најдобриот голман на светот“

Давид де Хеа направи голем кикс на натпреврот против Евертон, но сепак успеа да го спаси Манчестер Јунајтед од пораз на крајот од натпреварот.
И покрај неговата лоша форма оваа сезона, Оле Гунар Солскјер го смета Де Хеа за најдобар голман на светот.
„Му верувам на Давид 100%. Со одбраната на Сигурдсон се покажа како најдобриот голман на светот“, изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед.
Норвешкиот тренер, исто така, имаше разбирање за неверојатната грешка кога го удри Калверт-Левин и топката заврши во мрежата.
„Тоа е нешто што се случува во фудбалот кога одложувате со топката. Калверт-Левин секогаш ја брка топката и несреќно е што заврши во мрежата. Одговоривме и го добивме заслужениот гол.”
Натпреварот во „Гудисон Парк“ заврши со резултат 1-1, со што Јунајтед пропушти добра шанса да се доближи до Челзи кој е четврт.



