Де Лаурентис: Одбив 2,5 милијарди од Арапите за Наполи
Д М6 апр 2023

Првиот човек на „наполитанците“ откри дека имал астрономска понуда од Саудиска Арабија за купување на клубот.
„Ми понудија 2,5 милијарди евра. Сепак, немав дилема. Веднаш ги одбив“, изјави Де Лаурентис.
Интересно беше и неговото објаснување за таа одлука.
„Наполи е семејна играчка и никому не ја даваме“.
Наполитанците моментално имаат сезона од соништата. Титулите во Серија А, први по 1990 година, се на дофат, бидејќи имаат 16 бода повеќе од второпласираниот Лацио. Тие играат и четврт-финале во Лигата на шампионите, каде ривал им е Милан.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



