Де Винтер: Рубен Аморим е еден од нас, живее со тимот

Одбранбениот фудбалер на Милан, Кони Де Винтер, зборуваше за неговиот момент, односот со тренерот Рубен Аморим и соиграчите. „Играм многу и тоа е прекрасно. Повеќе се грижам за своето тело и здравјето, но уште поголема радост е да се победува на натпреварите,“ – изјави белгиецот.
За својата улога во тимот: „Се чувствувам одлично во овој Милан и се трудам да го дадам максимумот. Можеби имам позначајна улога, но сакам да го давам својот дел и да им помагам на соиграчите.“
За Рубен Аморим: „Тој е многу човечен, еден од нас. Се смее, се забавува, но знае да биде сериозен кога е потребно. Живее со тимот и го чувствуваме блиску до нас. Прекрасно е да работиш за него.“
Де Винтер призна дека поразите од Болонја и Ференцварош треба да бидат лекција: „Многу сме самоуверени, понекогаш и повеќе отколку што треба. Секој натпревар е тежок и не можеме да ги повторуваме истите грешки.“
За партнерството со Павловиќ рече: „Имаме добар однос. Не мислев дека ќе стане толку добар пријател, но се зближивме и надвор од теренот.“
А за голот што сè уште го нема постигнато: „Понекогаш размислувам за тоа, би сакал да постигнам погодок за мојата ќерка.“



