SportM
Фудбал

Дечко со интересно име денес го направи своето деби во Премиер лигата

Д М18 јан 2020
Дечко со интересно име денес го направи своето деби во Премиер лигата

Натпреварот во англиската Премиер лигата помеѓу Брајтон и Астон Вила ќе остане засекогаш во сеќавање на еден млад фудбалер.

Индијана Василев, 18-годишен крилен играч го оствари својот прв настап за Астон Вила во Премиер лигата и сигурно ќе го памети овој ден засекогаш.

Приказната за овој талентиран фудбалер е многу интересна. Неговите родители се од Бугарија, а тој е роден во САД.

Името го добило по филмскиот лик Индијана Џонс, кого неговите родители очигледно го обожавале.

Индијана игра за младинската селекција на САД и пристигна во Астон Вила како 16-годишник во 2017 година.

Тој досега играше за резервниот тим, каде досега постигна шест гола сезонава.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.