SportM
Фудбал

Дефанзивецот на Белгија „распука“: Можете да купите магаре за 240 милиони, а добар фудбалер за 24 милиони!

Редакција14 сеп 2026
Дефанзивецот на Белгија „распука“: Можете да купите магаре за 240 милиони, а добар фудбалер за 24 милиони!

Искусниот белгиски дефанзивец Томас Мение жестоко го критикуваше модерниот фудбалски пазар откако неговиот поранешен соиграч Ајуб Буади премина во Манчестер Сити за вртоглави 100 милиони евра.

Осумнаесетгодишниот играч за врска ги воодушеви скаутите на „Граѓаните“ додека го носеше дресот на француски Лил, поради што екипата на Енцо Мареска одлучи да издвои огромна сума пари за неговиот потпис.

Иако исклучително го цени талентот на младиот Мароканец, со кого до неодамна ја делеше соблекувалната, Мение смета дека денешните суми во фудбалот целосно ја изгубиле врската со реалноста.

Во опширното интервју за „The Athletic“, сегашниот фудбалер на англиски Сандерленд се осврна на финансиското расфрлање на најголемите европски клубови.

„Ајуб е неверојатен, но за парите не треба ни да зборуваме, бидејќи тука веќе нема никаква логика“, јасен беше Белгиецот.

Своето незадоволство од насоката во која оди најважната споредна работа на светот го искажа преку прилично сурова, но искрена констатација.

„Можете да купите магаре за близу 240 милиони евра, а многу добар играч за околу 24 милиони, така што ништо повеќе нема смисла“, порача Мение.

Белгиецот со оваа метафора алудира на тоа дека фудбалскиот пазар целосно го изгубил мерилото за квалитет, бидејќи денес баснословни суми често се плаќаат за лоши и преценети играчи („магариња“), додека вистински квалитетни фудбалери понекогаш можат да се доведат за неспоредливо помалку пари.

Додека неговиот поранешен соиграч штотуку ја започнува својата авантура на „Етихад“, овој десен бек конечно ужива во есенскиот дел од својата кариера на Островот.

Тој призна дека единствено жали што порано не ги искусил убавините на англискиот фудбал, но истакнува дека во Сандерленд пронашол средина со која целосно може да се поистовети.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.