Connect with us

Фудбал

Дегенек: Овие моменти никогаш нема да се заборават…

Милош Дегенек и неговата Австралија очекувано го завршија натпреварувањето во осминафиналето на Светското првенство.

Австралија беше аутсајдер во дуелот со Аргентина, но пружи силен отпор против еден од фаворитите за титулата. Гаучосите предводени од Лео Меси победија со 2:1.

Милош Дегенек беше во почетниот состав на Аргентина и беше на теренот до 77. минута.

„Апсолутна чест за Австралија, се надевам дека сите ве направивме горди. Овие момци се семејство и дадовме се од себе. Овие моменти никогаш нема да бидат заборавени благодарение на моите браќа. До австралиската фудбалска репрезентација, благодарам за се“, напиша Милош Дегенек во пораката објавена на социјалните мрежи.

Дегенек е Србин роден во Книн, од каде избега со семејството по бурата во август 1995 година. Некое време живееле во Белград, а кога имал шест години емигрирале во Сиднеј.

Поранешниот играч на Црвена звезда ги одигра сите четири натпревари за Австралија во Катар, последните два во стартниот тим.