Поврзи се со нас

Фудбал

Дејан Ловрен: Тренерот Далиќ лаже!

Репрезентацијата на Хрватска утре од 20:45 часот ќе се сретне со Франција во рамките на 4-то коло во Лигата на нациите.

Така, по трет пат за нешто повеќе од две години, избраниците на Златко Далиќ ќе играат против Французите. Франција славеше во финалето на Светското првенство со 5:2, и со истиот резултат славеше во септември на натпреварот од Лигата на нациите на „Стад де Франс“.

Сега следи нов судир и Хрватска досега никогаш не ја победила Франција. Далиќ рече дека никогаш нема да го гледа видеото од финалето од 2018 година затоа што му е премногу тешко.

Кога го прашаа Ловрен на прес-конференцијата, тој рече:

“Мислам дека селекторот лаже и дека сигурно го гледал тоа видео. Што се однесува до мене, ги гледав головите од финалето, наидов на нив на социјалните мрежи”, изјави стоперот на руски Зенит.

Advertisement