SportM
Фудбал

Деле Али до крајот на животот ќе ги памети сцените од аеродромот во Истанбул

Д М25 авг 2022
Деле Али до крајот на животот ќе ги памети сцените од аеродромот во Истанбул

Англискиот фудбалер Деле Али ги изненади сите со одлуката да ја продолжи кариерата во Бешикташ.

Овој 26-годишен фудбалер реши да го напушти Евертон во самиот финиш на летниот преоден рок откако му стана јасно дека Френк Лампард не смета премногу на него.

Деле Али помина само половина година во дресот на Евертон и реши да го напушти клубот бидејќи не се чувствува најдобро во Гудисон откако дојде од Тотенхем.

Сепак, малкумина можеа да очекуваат дека Деле кариерата ќе ја продолжи во Турција и тоа во дресот на Бешикташ.

Деле денеска и официјално ќе биде претставен како ново засилување на Бешикташ, а тој синоќа пристигна во Истанбул, а се шокираше кога виде дека на аеродромот го чекаат голем број навивачи.

Англискиот фудбалер сигурно цел живот ќе ги памети сцените од Истанбул, а веднаш по пристигнувањето можеше да види дека Турците се навистина големи фанатици кога е фудбалот во прашање.

Деле Али ќе игра во Бешикташ како позајмен до крајот на оваа сезона, а турскиот клуб ќе има можност да го откупи неговиот договор доколку Англичанецот ги оправда очекувањата.

Тој од доаѓањето од Тотенхем одигра само 13 натпревари во дресот на Евертон, иако беше најавуван како големо засилување при доаѓањето на Гудисон.

Исто така, треба да се напомене дека Деле Али има договор со Евертон до летото 2024 година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.