Демба Ба: Не сакам да играм!
Д М8 дек 2020

Поради расизам, натпреварот во Париз помеѓу ПСЖ и Башакшехир беше прекинат со резултат 0:0.
Гостинските играчи решија да го напуштат теренот и да се повлечат во соблекувалната, откако нивниот напаѓач Демба Ба беше расистички навреден од четвртиот судија.
Башакшехир нема намера да се врати, а наводно тие се подготвени да го продолжат натпреварот само доколку се смени четвртиот судија и еден од ВАР.
ПСЖ беше подготвен да игра, но досега ништо од тоа.
Демба Ба за „BeIN sports“ изјави дека повеќе не сака да учествува на овој натпревар и што се однесува до него – тоа е завршената приказна.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



