Дембеле го надмина и Балотели, Чави на прес-конференција проговори за глупостите на Французинот

Усман Дембеле остана во Барселона иако клубот напорно се трудеше да се ослободи од него.
Дембеле има договор до крајот на сезоната и реши да го почитува до крајот, без разлика што му рекоа дека нема да смета на него и дека може да заврши на трибините за казната што ја одбил да ја продолжи соработката.
На францускиот репрезентативец не му пречеше, тој сепак сакаше да остане, а Чави реши да го искористи без разлика на се што прави и што навивачите постојано го исвиркуваат на секој натпревар.
Чави имаше желба да му даде шанса на Дембеле синоќа на натпреварот против Наполи во реваншот од Лига Европа, но Французинот во 75. минута пред да влезе во игра всушност сфати дека нема дрес на себе.
На истото мораше да оди и во соблекувалната, за да влезе наместо Адам Траоре. Самиот Чави на прес-конференција накратко зборуваше за оваа бизарна ситуација.
„Кога сакаше да влезе во игра, сфати дека нема дрес, па мораше да оди во соблекувалната и да го земе, па сето тоа траеше малку подолго“, рече Чави.
Барселона отиде понатаму со вкупни 5:2.



