Дембеле за 70 милиони евра во Манчестер Јунајтед?
Д М14 мај 2020

Манчестер јунајтед наводно го договорил трансферот на напаѓачот на Лион, Муса Дембеле.
Според европските медиуми, Јунајтед договорил трансфер вреден 70 милиони евра со Лион и се очекува наскоро овој 23-годишник официјално да стане играч на великаните од „Олд Трафорд“.
Дембеле во последниве месеци се поврзуваше со „црвените ѓаволи“. Сепак, трансферот не е завршен, но се чини дека сега сè е конечно решено.
Муса Дембеле е член на Лион од 2018 година. Тој претходно играше за Селтик и Фулам, а ова треба да биде негово враќање во Премиер лигата.
Оваа сезона одличниот напаѓач игра феноменално и има постигнато 22 гола на 42 настапи за Лион. Тој запиша и седум асистенции на сите настапи.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



