SportM
Фудбал

Денешниот натпревар на Јувентус лесно може да биде одложен, иако не се работи за коронавирус

Д М18 дек 2021
Денешниот натпревар на Јувентус лесно може да биде одложен, иако не се работи за коронавирус

За 18 часот е планиран дуелот меѓу Болоња и Јувентус во 18. коло во италијанската Серија А.

Она што може да биде голем проблем е големата магла во Болоња, па прашање е дали и како ќе се игра дуелот на Дал’Ари.

Еден од италијанските новинари ја објави оваа фотографија на еден час пред почетокот на натпреварот, но засега нема индиции дека ќе биде одложен.

Но, доколку набрзо не се подобрат временските услови, можно е дуелот да биде откажан или барем одложен, бидејќи видливоста е речиси невозможна и тоа би претставувало огромен проблем за играчите.

Во последните денови ширум Европа беа откажани многу натпревари, најмногу во Англија, но поради коронавирусот, додека дуелот помеѓу Болоња и Јувентус може да биде откажан поради временските (не) услови.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.