Connect with us

Фудбал

Депај потврдува дека Барселона е заинтересирана за него

Мемфис Депај призна дека е свесен за намерите на Барселона да го купи од Лион, но не е баш сигурен дали неговата преселба на „Камп Ноу“ навистина ќе се случи ова лето.

Откако Роналд Куман беше назначен за нов тренер на Барселона минатиот месец, се шушкаше дека Депај ќе му се придружи во Ла Лига.

Куман и Депај соработуваа во репрезентацијата на Холандија во последните неколку години, сè до моментот кога тој го презеде управувањето со Барса.

Претседателот на Лион, Жан-Мишел Аулас, во неделата изјави дека Барселона не е единствениот клуб заинтересиран за Холанѓанецот, затоа што голем интерес покажа и Рома од Серија А.

Додека Депај призна дека може да го напушти клубот од Лига 1 ова лето, тој инсистира на тоа дека не ја знае својата иднина.

„Треба да видиме што ќе се случи. Утре ќе се пријавам во клубот (Лион) и ќе видиме што ќе се случи“, рече Депај откако Холандија загуби од Италија во Лигата на нации во понеделникот.

„Не сум чул многу од мојот менаџер. Знам дека тој е заинтересиран за мене, но не можам да кажам повеќе затоа што не знам многу за оваа работа“, додаде тој.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com