SportM
Фудбал

Депај се приклучува на Барселона во јануари – вели Хулие

Д М10 ное 2020
Депај се приклучува на Барселона во јануари – вели Хулие

Жерард Хулие, советник на претседателот на Лион, Жан-Мишел Аулас, овој понеделник разговараше со Телефут за иднината на Мемфис Депај, холандскиот напаѓач толку баран од Барса.

73-годишниот ветеран предупреди дека 26-годишниот играч може наскоро да го напушти Лион и не се двоумеше да ја поврзе својата иднина со Барса.

„Фудбал е, ќе видиме. Ние ќе се потрудиме да го задржиме. Доколку неговите настапи се како што беа пред повредата, ќе има повеќе клубови кои ќе бидат заинтересирани за него. Мислам дека тренерот на Барса многу го цени. Како и да е, Депај е многу среќен што е со Лион“, рече Хулие

Мемфис Депај е опцијата што Барса продолжува да ја разгледува за јануарскиот преоден рок.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.