Депај: Зошто ме прашуваш за тоа? Не жалам што дојдов во Барса

Холандскиот фудбалер Мемфис Депај истакнува дека не жали што дојде во Барселона, и додава дека е сигурен дека ситуацијата во која се наоѓа каталонскиот клуб наскоро ќе се подобри.
Барселона не ги забележува очекуваните резултати оваа сезона – моментално е деветта во Примера со 12 бода од седум натпревари, додека во Лигата на шампионите претрпе два убедливи порази од Баерн и Бенфика.
Затоа, новинарите беа заинтересирани дали Депај жали што дојде на Ноу Камп.
“Како можеш да ме прашаш тоа?” Зборуваме за Барселона. Секој знае колку е голем овој клуб и што значи да се игра за ваква екипа. Никогаш нема да жалам затоа што дојдов на Ноу Камп“, рече 27-годишниот фудбалер.
„На сите им е јасно дека моменталната ситуација е тешка. Сите паничат, бидејќи не се навикнати вака да ја гледаат Барселона. Но, не се грижам, сигурен сум дека работите ќе се сменат“.
Депај пристигна во Каталонија без надомест, бидејќи неговиот договор со Лион, во кој помина четири и пол години, претходно истече.



