Дест не можеше да замисли полошо деби во дресот на Милан во Серија А

Американскиот репрезентативец Сергино Дест ја напушти Барселона во самиот финиш на летниот преоден рок.
Дест реши да ја напушти Барселона откако му стана јасно дека оваа сезона нема да игра во каталонскиот клуб, а Чави му порача дека е најдобро да бара друг клуб.
Барселона успеа да најде решение во самиот финиш на трансферот бидејќи за овој десен бек интерес покажа Милан, а на крајот клубовите успеаја да се договорат за едногодишна позајмица.
Овој 21-годишен десен бек синоќа дебитираше во дресот на Милан на натпреварот од Серија А во дербито против Наполи, но оваа игра нема да ја памети со задоволство.
Росонерите беа поразени пред своите гледачи со 2:1, а еден од виновниците за овој пораз беше Дест.
Американецот беше прогласен за најлош поединец на синоќешниот натпревар иако во игра влезе дури во второто полувреме.
Сепак, по влегувањето на теренот, Дест успеа да го сокрие пеналот од кој Политано постигна гол за 1:0, а потоа овој десен бек продолжи со очајна игра до крајот на средбата на Сан Сиро.
Дест на крајот од играта имаше статистика од дури 75% загубени дуели, а имаше 0 успешни дриблинзи од два обида.
21-годишниот фудбалер ќе игра во Милан до крајот на сезоната и „росонерите“ ќе имаат опција да го откупат договорот, но доколку продолжи да игра вака, тешко дека на крајот ќе решат да ја активираат таа клаузула. .
Дест има договор со Барселона до 2025 година и во клубот пристигна од Ајакс пред две години за 21 милион евра, а се очекуваше да биде новиот Дани Алвеш, но на крајот тоа не се случи.



