Дест успешно ги помина медицинските прегледи, во петок официјално претставување
Д М30 сеп 2020

Сергино Дест синоќа пристигна во Барселона и во следните денови ќе биде претставен како ново засилување на Каталонците.
Барселона успеа да договори се со Ајакс околу трансферот на 19-годишниот Дест, кој ќе биде засилување на позицијата десен бек. Тој се поврзуваше со Барселона веќе подолго време и не ја криеше желбата да ја продолжи кариерата во овој клуб.
Откако клубовите се договорија за се околу трансферот, Дест синоќа пристигна во Барселона, каде беше пречекан од голем број новинари.
Веќе денес пристигна во тренинг кампот во Барселона, каде беа закажани лекарски прегледи, кои овој Американец успешно ги помина.
Тој се очекува да биде претставен во петок како официјално засилување на Барса.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



