Девет финалиња и девет трофеи за Зинедин Зидан во Реал

Како тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан има освоено бројни трофеи.
Реал во Саудиска Арабија вечерва го совлада Атлетико по изведување на пенали, освојувајќи го Суперкупот, а „кралевите“ се чини дека не можат да загубат финале кога го имаат Зидан на клупата.
Имено, ова е деветто финале и деветта победа на францускиот тренер на клупата на мадридскиот гигант.
Се започна со финалето во Лигата на шампионите во 2016 година, а во истата година тој го освои Европскиот Супер куп и Светското клупско првенство.
Во 2017 година, Зидан повторно ја освои Лигата на шампионите, Супер Купот на Европа и Суперкупот на Шпанија, а потоа и Светскиот клупски шампионат.
Една година подоцна, Лигата на шампионите повторно беше освоена, а деветтото финале беше синоќа на почетокот на 2020 година и Реал повторно славеше.
Zinedine Zidane has won all nine finals he's managed for Real Madrid.
✅ 2016 UCL
✅ 2016 UEFA Supercup
✅ 2016 Club World Cup
✅ 2017 UCL
✅ 2017 UEFA Supercup
✅ 2017 Spanish Supercopa
✅ 2017 Club World Cup
✅ 2018 UCL
✅ 2020 Spanish Supercopa pic.twitter.com/GDDEqlyMsE— ESPN FC (@ESPNFC) January 12, 2020



