„Џака прави се за Арсенал, не залудно беше назначен капитен. Јас сум во шок! “
Д М31 окт 2019

Гранит Џака е во центарот на вниманието во Англија. Играчот од средниот ред го оспорија навивачите на Арсенал и односот помеѓу него и навивачите на „Топџиите“ не е воопшто добар.
Фабијан Шар, кој игра за Њукасл, исто така неодамна одговори на ситуацијата. Дефанзивецот е тимски колега на Џака во репрезентацијата на Швајцарија и во интервју за „The Sun“, тој вели дека се чувствува шокиран од неодамнешните настани, бидејќи вели дека Џака е фантастичен човек.
„Играв со него со години и знам каква личност е тој. Тој прави сè за Арсенал, и не залудно и капитен на тимот. Јас сум шокиран од тоа што се случи неодамна, бидејќи Џака е фантастична личност и луѓето не го гледаат тоа. Тешко е за фудбалерот кога игра против своите навивачи“.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



