SportM
Фудбал

Џејдон Санчо одлучи

Д М2 јун 2021
Џејдон Санчо одлучи

Англискиот репрезентативец е подготвен да се врати во Англија.

Санчо е мета на англиски екипи веќе подолго време, но тој е сепак член на Борусија Дортмунд, но е подготвен да направи трансфер во наредниот период.

Манчестер Јунајтед претходно преговараше со Борусија и со самиот играч, но тогаш не беше изводливо играчот да ја напушти Германија, а „Атлетик“ тврди дека со него бил контактиран Челзи и дека Томас Тухел го посакува во неговиот тим.

Сепак, Санчо веќе одлучи дека доколку ја напушти Борусија, тој ќе потпише за Манчестер Јунајтед.

Значи, постои голема шанса „црвените ѓаволи“ да го ангажираат играчот што го посакуваа долго време ова лето.

21-годишниот Англичанец, кој оваа сезона ќе игра и на Европското првенство, забележа вкупно 38 настапи за Милионерите и постигна 16 погодоци со дури 20 асистенции. Претходно беше член на Сити, каде и порасна.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.