SportM
Фудбал

Џеко не сака да оди во Јувентус, „Старата дама“ избра друг напаѓач

Д М11 јул 2020
Џеко не сака да оди во Јувентус, „Старата дама“ избра друг напаѓач

Един Џеко во претходниот период се поврзуваше со трансфер во Јувентус.

Тренерот на клубот од Торино, Маурицио Сари, наводно бил заинтересиран за услугите на фудбалерот на Рома, но очигледно, нема да има ништо од можното доаѓање на Џеко во редовите на италијанскиот шампион.

Според истакнатиот новинар Фабрицио Романо, „Старата дама“ веќе се договорила за трансферот на напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик и 26-годишниот Полјак наскоро треба да стане нов член на „Бјанконерите“.

Милик се договори се со најголемиот италијански клуб пред еден месец. Останува уште да се договорат клубовите, но Наполи веќе објави дека овој фудбалер ќе го напушти клубот.

Се разбира, тие не сакаат да го пуштат својот фудбалер во редовите на големиот ривал. Сепак, Милик веќе донесе одлука и Јувентус ќе добие нов напаѓач за следната сезона.

Милик е член на Наполи веќе четири години и постигна 11 голови на 116 натпревари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.