Џеко останува во Рома до 2021 година, а потоа станува директор
Д М13 сеп 2018

Босанскиот репрезентативец Един Џеко ќе добие нов договор во Рома до 2021 година и ќе стане клупски директор покрај легендарниот Франческо Тоти.
Голгетерот ќе мора да го прифати намалувањето на платата на 4,5 милиони евра, но со продолжување на договорот за уште една година, со тоа што би добил функционерска улога на „Олимпико“.
Џеко оваа седмица дипломира sпортски менаџмент во Сараево и тој се гледа себеси во иднина како директор на клубот.
Покрај Рома, понуда за преземање на некои од функциите по завршувањето на кариерата Џеко има и од Фудбалската асоцијација на Босна и Херцеговина.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



