SportM
Фудбал

Џентлменски потег на Артуро Видал, иако Барселона не се однесуваше многу добро кон него

Д М3 сеп 2020
Џентлменски потег на Артуро Видал, иако Барселона не се однесуваше многу добро кон него

Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал скоро сигурно ќе ја напушти Барселона во наредните денови.

Роналд Куман му порача на овој играч дека не смета на него во новата сезона и дека може да замине. Видал доби неколку интересни понуди, но како што стојат работите, кариерата ќе ја продолжи во дресот на Интер.

Интер ќе го донесе Видал бесплатно бидејќи работи на раскинување на соработката со Барселона. Видал затоа беше во центарот на вниманието затоа што ги воодушеви навивачите на каталонскиот клуб со својот џентлменски потег.

Имено, како што пишува „Мундо Депортиво“ Видал, тој сигурно ќе ја напушти Барселона бесплатно. Каталонците се согласија да го раскинат договорот со него, бидејќи тој неочекувано им рече дека не сака пари од нив.

Видал постапи многу правилно затоа што рече дека нема да бара исплата на преостанатите плати и дека ќе се откаже од сите долгови што Барселона ги има кон него. Чилеанецот навистина се однесуваше како голем господин со оглед на тоа што клубот не се однесуваше многу добро со него во последно време.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.