Џошуа со порака до Фјури пред дуелот: Ги потпишавме договорите, ќе му го искинам срцето во рингот

Неколку дена по победата со КО против Кристијан Пренга, британскиот боксер Ентони Џошуа даде ажурирања во врска со големиот дуел против неговиот сонародник Тајсон Фјури. Иако нема официјализација во врска со датумот и местото, Џошуа ја потврдува спогодбата.
„Ги потпишавме договорите. Сè е завршено. Никој не може да си замисли низ што поминав за време на тој последен дуел. Се вратив. Ќе му го искинам срцето. Јас сум најстрашниот и најжестокиот шампион што некогаш постоел“, изјави Џошуа.
Понатаму, британецот, поранешен светски шампион во тешката категорија, додаде: „Оставајќи шеги настрана, го почитувам сето она што го постигнал, но ние сме тука сега. Се надевам дека навивачите ќе имаат големо задоволство од овој дуел меѓу нас.“
„Научив дека не можам да запрам. Ние сме тука сега и доаѓаме. Видовте како некој паднат се врати. За тоа станува збор. Овој предизвик против Пренга ми послужи многу, бидејќи сакав по секоја цена да се борам по онаа тешка случка што ми се случи“, рече Џошуа.



