Џовинко по седум години се врати во Серија А

Италијанскиот фудбалер Себастијан Џовинко повторно ќе игра во Серија А.
Џовинко порано беше голема надеж за Јувентус, а во Серија А последен пат играше во 2015 година. Потоа со години играше во МЛС за Торонто, Канада, а последен ангажман му беше во Саудиска Арабија играјќи за Ал Хилал.
Искусниот напаѓач минатиот месец наполни 35 години и остатокот од сезоната ќе го помине како играч на Сампдорија. Тој потпиша договор до лето и ќе се обиде да им помогне да останат во лигата.
На Сампдорија и требаше напаѓач бидејќи се повреди Маноло Габијадини, а проблеми има и ветеранот Фабио Кваљарела.
Тренерот Марко Џампаоло ги има на располагање само Франческо Капуто и Владислав Супријаг, па доаѓањето на Џовинко ќе ја донесе потребната широчина во нападот.
Џовинко го носеше дресот на Италија од 2011 до 2015 година и забележа 23 настапи со еден гол. Во својата кариера како позајмен играч на Јувентус настапуваше за Емполи и Парма. Во дресот на Јуве постигна 68 гола на 114 натпревари, а во Ал Хилал 12 гола на 57 натпревари.



