SportM
Фудбал

Ди Марија го напушти натпреварот поради грабеж во куќата, крадците се обидоа да дојдат до вистинско богатство

Д М16 мар 2021
Ди Марија го напушти натпреварот поради грабеж во куќата, крадците се обидоа да дојдат до вистинско богатство

ПСЖ претрпе непријатен пораз од Нант со 2: 1, а во самиот натпревар се случија нешто неверојатни сцени.

Имено, додека се играше натпреварот, крадци влегоа во куќата на Анхел Ди Марија, а проблемот бил поголем бидејќи во исто време во куќата било и семејството на овој фудбалер.

Аргентинецот беше известен на теренот што се случува, тој веднаш го напушти натпреварот и отиде да дознае повеќе информации за целиот настан.

Л’Екип пишува дека разбојниците се обиделе да украдат сеф од куќата на Ди Марија, во која имало накит и часовници во вредност од најмалку 500 илјади евра.

За среќа, никој не беше повреден, но навистина беше тешка ситуација за Ди Марија.

Тој не знаеше што се случува, но очигледно е дека фудбалерите на богатиот клуб од Париз станаа вистинска мета на разбојниците. Беше провалена и куќата на Маркињос, а претходно мета беа и сегашните и поранешните играчи на овој клуб, како Серхио Рико, Тиаго Силава и Чопо Мотинг.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.