Дибала: Му објаснив на Роналдо зошто го мразиме малку во Аргентина

Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала изјави дека сега се чувствува добро, откако пред две недели беше потврдено дека е заразен со коронавирус.
Дибала беше трет играч на Јувентус кој беше заразен со коронавирус, а неговата девојка беше тестирана позитивна. Тие веќе две недели се во изолација и што е најважно од се чувствуваат добро.
„Многу кашлав и бев многу уморен. Треската започнуваше во вечерните часови. Се обидов да останам смирен и ги следев упатствата на лекарот. Најважно од се, сега се чувствува многу подобро и сите симптоми скоро ги нема”, рече Дибала.
Во интервју за аргентинските медиуми, Дибала зборуваше и за Кристијано Роналдо, и повтори дека му е голем чест што имал можност да игра со двајца најдобри играчи во светот. Во националниот тим соработува со Лео Меси, а во Јувентус со Роналдо.
„Разговарав повеќе пати со него за се. Еднаш му реков: „Кристијано, ние во Аргентина малку те мразиме. Поради начинот на кој играш, одиш, се однесуваш…” Меси е број еден за нас и тој разба зошто не е многу скан од аргентинскиот народ“, призна Дибала.



