Поврзи се со нас

Фудбал

Дибала направи мал скандал, Пирло го „замолкна“ по натпреварот

Пауло Дибала сè уште ги чека првите минути од новата сезона. Тој не доби шанса ниту против Кротоне.

-текстот продолжува по рекламата-

Аргентинецот се загреваше добар дел од второто полувреме, но Андреа Пирло не реши да го воведе во играта. Главната причина е што тој не е доволно подготвен.

Откако мечот заврши на патот кон соблекувалната, Дибала направи мал скандал затоа што го обвини директорот Фабио Паратичи дека не е воведен во играта.

-текстот продолжува по рекламите-

На прес-конференцијата по натпреварот, Пирло ја „замолкна“ десетката на Јувентус со образложение зошто не го внесе одличен офанзивен играч во игра.

„Во петокот, тој тренираше само десет минути, се врати од националниот тим со гастроентеритис. Ова не беше идеална игра за него, бидејќи имавме и игрч помалку“, објасни Пирло.

Натпреварот со Кротоне заврши 1:1, Јувентус изгледаше безидејно и очајно во поголемиот дел од натпреварот, па затоа Пирло има уште многу работа, а распоредот е исклучително густ.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама