Дибала: Се надевам дека ќе ја завршам кариерата во Рома, но е рано да се зборува за тоа

„Лигата на шампионите? Минатата сезона дадовме сè. Ова ни донесе радост нам и на нашите навивачи. Не направи да се чувствуваме горди. Ќе биде тешко, бидејќи ќе се соочиме со некои од најтрофејните тимови во светот, но со поддршката на нашите навивачи ќе имаме нешто повеќе“. Ова го изјави Пауло Дибала за каналите на УЕФА, во пресрет на натпреварот во среда против Реал Мадрид.
„Никогаш не би замислил дека ќе изградев таква кариера тука, – додаде аргентинецот, зборувајќи за својот пат во Италија. – Оваа земја ме прими со раширени раце. Луѓето ми помогнаа да напредувам како човек и како фудбалер. Тука доживеав многу емоции, убави и тажни моменти, како што е случај во животот на секој човек. Се надевам дека мојата кариера ќе има крај во Италија“.
Каде? „Во Рим, со Рома. Но, сепак е рано да се зборува за тоа“, – заврши Дибала.



