Дибала се сели во еден од најголемите европски градови, два клубови се во игра

Се поизвесно е дека Пауло Дибала летово ќе ги напушти редовите на Јувентус.
Аргентинецот има договор со Старата дама до јуни оваа година и речиси и да нема шанси да го продолжи.
Игрите на Дибала се далеку од оние што ги очекуваа навивачите на Јувентус, па разделбата нема да биде толку тешка.
Се споменуваа многу клубови каде 28-годишниот Аргентинец би можел да ја продолжи кариерата, а денеска се појавија имињата на двата главни фаворити.
Како што стојат работите, Дибала би можел да се пробие до Лондон, но единственото прашање е дали во дресот на Арсенал или Тотенхем?
Голема улога во целата приказна ќе имаат резултатите на споменатите клубови оваа сезона, односно кој клуб ќе избори пласман во Лигата на шампионите следната сезона, а Арсенал и Тотенхем ќе ја водат големата битка за четвртото место до крајот на Премиер лигата. .
За Дибала беше заинтересиран и Ливерпул, но се чини дека Клоп се олади што се однесува до Дибала, но се чини дека Англија е нова дестинација за Аргентинецот. Повеќе детали би требало да се знаат следниот месец.



