Дидие Дешамп објасни зошто на Мбапе му дал само 26 минути игра против Грција
Д М22 ное 2023

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп објасни зошто му дал само 26 минути минутажа на големата ѕвезда на тимот – Килијан Мбапе и го отстрани од стартните единаесет на мечот со Грција.
„Петлите“ ремизираа 2-2 со нашите јужни соседи во последниот квалификациски натпревар за ЕП 2024. Напаѓачот на ПСЖ влезе во игра во 64. минута и асистираше за голот на Јусеф Фофана.
„Разговаравме за темата „Килијан“ со играчите. Со него и со сите други. Правам се што можам за да ги заштитам играчите кои излегоа на теренот во петокот.
И следната недела е Лигата на шампионите. Не можете да ризикувате затоа што веќе има повредени “, изјави Дешам на прес-конференцијата по мечот.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



