Диего Годин сака да го напушти Интер, а еден клуб е подготвен да го доведе во своите редови

Италијанските медиуми пред неколку дена објавија дека по само една сезона Диего Годин ќе го напушти Интер.
Уругвајскиот дефанзивец пристигна во Интер пред почетокот на сезоната како слободен агент откако му истече договорот со Атлетико Мадрид. Но, Годин не е премногу задоволен од ситуацијата на „Меаца“.
Антонио Конте често знае да го остави Годината на клупата за резервни играчи, а тоа не му се допаѓа на овој искусен дефанзивец. Наводно, тој веќе им кажал на челниците на Интер дека сака да го напушти клубот на крајот на оваа сезона.
Годин со Интер има договор до летото 2022 година, но можно е клубот да го испрати на заем. Веќе се шпекулира дека Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран за Уругваецот, и дека тие ќе одат во „лов“ ова лето.
„Сан“ изутринава известува дека Јунајтед веќе контактирал со Интер и се распрашува за ситуацијата со Годин. Но, сè уште нема одговор од Интер бидејќи тие дефинитивно ќе го чекаат крајот на сезоната и потоа ќе одлучи што ќе се случи со Годин.



