SportM
Фудбал

Диего Коста потпиша за Вулверхемптон, а потоа се исплаши како никогаш порано во животот

Д М13 сеп 2022
Диего Коста потпиша за Вулверхемптон, а потоа се исплаши како никогаш порано во животот

Бразилскиот напаѓач Диего Коста вчера и официјално беше претставен како ново засилување на Вулверхемптон.

Диего Коста беше без клуб девет месеци откако на почетокот на годината ја заврши соработката со Атлетико Минеиро, но никој не очекуваше дека искусниот напаѓач може да се врати во Премиер лигата.

Тој во претходните месеци беше поврзуван со многу клубови, но не успеа да постигне договор. Сепак, тогаш Коста доби неочекувана понуда која едноставно не можеше да ја одбие.

Вулверхемптон реши да стапи во контакт со овој 33-годишен напаѓач бидејќи има големи проблеми кога е во прашање нападот.

Најпрвин Саша Калајџиќ се повреди во дебито за Вулверхемптон, а Раул Хименез остана единствен избор на позицијата напаѓач. Затоа решија да донесат нови засилувања, а изборот падна на Коста.

Поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид и на Челзи вчера и официјално беше претставен како ново засилување на Волвс, со кои потпиша договор до крајот на оваа сезона.

Вулверхемптон на одличен начин го претстави Коста во видео во кое тој го носи дресот на својот нов клуб, но и ги води волците на синџири кои се заштитен знак на клубот за кој штотуку потпиша.

Видеото воодушеви многумина, но Коста подоцна призна дека никогаш во животот не бил толку исплашен како кога му кажале дека ќе ги водат волците на синџири за да го сними видеото.

“Тие беа навистина волци, не обични кучиња како што мислат сите. Тоа беше необично искуство, но навистина не се чувствував пријатно. Јас и самиот имам кучиња дома, но разликата е во тоа што овие беа волци. Никогаш не сум се чувствувал така исплашен. Само помислив дека можат да се свртат кон мене и да ме нападнат“, вели Коста и додава.

„Имаше една жена која ги тренираше и постојано ги викаше да одат напред, но не ми е баш пријатно. Знаев дека сум готов ако почнат на мене, бев навистина исплашен и бев пресреќен кога снимавме сè и кога снимката беше завршена“.

Коста веќе би можел да дебитира во дресот на Вулверхемптон во сабота кога овој тим му гостува на Манчестер Сити. Тој има одлично искуство играјќи во Премиершип, каде што претходно со голем успех настапуваше за Челзи.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.