SportM
Фудбал

Диего Марадона прими на клиника за третман на зависности

Д М12 ное 2020
Диего Марадона прими на клиника за третман на зависности

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона е примен денес во клиника за третман на зависност од алкохол.

Марадона беше итно хоспитализиран на 2 ноември поради дехидрираност, а деталните прегледи покажаа крварење на мозокот.

Легендарниот играч беше опериран веднаш, а денес излезе од болницата и потоа се упати кон клиниката за лекување на зависност од алкохол.

Марадона ќе биде далеку од сите во наредниот период. Ќeе му бидат дозволени само одредени посети и легендарниот фудбалер ќе започне нова фаза од животот.

Да потсетиме, Марадона во минатото исто така беше зависник од тешки наркотици. Тој некако успеа да се извлече од тоа, но алкохолот беше нешто без кое не можеше да се справи во следните години.

Сега тој ќе се обиде да се ослободи и од овој порок.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.