Диего Симеоен доживеа непријателската реакција од навивачите на Јунајтед (ВИДЕО)
Д М16 мар 2022

Фудбалерите на Атлетико Мадрид синоќа се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Откако дуелот во Мадрид заврши нерешено (1:1), голот на Ренан Лоди беше доволен за мадриѓаните да имаат минимална победа (1:0) и одличен пласман меѓу осумте најдобри на Стариот континент.
Ова беше тешка ноќ за Манчестер Јунајтед и навивачите на славниот англиски клуб, а уште една посебна за сите фанови на Атлетико, харизматичниот тренер Диего Симеоне и неговите играчи кои по сите проценки заслужуваат да бидат таму каде што се.
Откако судијата го означи крајот на натпреварот, Симеоне во свој стил истрча кон соблекувалната, пред да влезе во тунелот, навивачите на Јунајтед го гаѓаа со разни предмети…
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



