Диего Симеоне: Не знам зошто, но не престанувам да се смеам

Диего Симеоне го предводеше Атлетико Мадрид до титулата во Шпанија.
„Јорганџиите“ стигнаа до 11-та титула во историјата, а втората под водство на аргентински стручњак дојде до победа од 2-1 во Вљадолид.
После натпреварот Симеоне беше повеќе од среќен што неговиот тим заврши прв низ целта.
“Само се смеам. Не знам зошто, но не престанувам да се смеам”, рече Симеоне по натпреварот и додаде:
“Среќен сум. Среќен сум за многу луѓе. Ова беше тешка година. Многу навивачи, пријатели, членови на семејството починаа и фактот дека Атлетико е шампион оваа сезона е причината зошто е посебна”, истакна Симеоне.
CHOLO = CAMPEONES ❤🏆🤍
De @Simeone al cielo, @Atleti. 🙌#LaLigaSantander #LaLigaHistory pic.twitter.com/CGtvjrXFgm
— LALIGA (@LaLiga) May 22, 2021
Аргентинскиот стручњак пристигна на клупата на Атлетико во 2011 година и го водеше тимот на дури 528 натпревари.
Неговиот ефект е навистина неверојатен. Победи 317 натпревари, ремизираше 124 пати и загуби 87 пати.
Во овој период, тој освои две шампионски титули во Шпанија, титулите на Суперкупот и Купот на оваа земја, двапати ги освои Европската лига и УЕФА Суперкупот.
Единствениот трофеј што му недостасува е Лигата на шампионите каде двапати го загуби финалето.



