Connect with us

Фудбал

Дик Адвокат, селекторот со „мизерна“ плата, кој ја одведе најмалата земја на Светското првенство!

На Мундијалот 2026 ќе игра и малата земја Курасао и официјално како најмалата земја учесник на завршниот собир на најдобрите репрезентации во светот, која има само 156.000 жители.

Селектор на оваа репрезентација, која пред се има играчи од холандската прва лига, но и некои од англиската, е Дик Адвокат. На 78 години, Дик Адвокат ќе биде најстариот селектор во историјата на СП. Холанѓанинот не ја водеше екипата во последниот натпревар, на гостувањето кај Јамајка (0:0), бидејќи во тоа време мораше да биде покрај својата болна сопруга. Телефонски командуваше, преку својот прв соработник, една година помладиот Кор Пот.

И уште еден податок: Адвокат има месечна плата од 8.000 евра, што годишно изнесува 96.000! За тие пари ја одведе екипата  на натпреварување вредно повеќе милијарди евра! Добро прочитавте – осум илјади евра!