Димарко: Ќе направиме сè за да ја вратиме Италија на врвот на фудбалот

По повод церемонијата „Гран Гала АИК“, каде што беше прогласен за најдобар играч за минатата сезона, Федерико Димарко зборуваше за италијанската репрезентација и пропуштените три Светски првенства: „Што се однесува до мојот пат со сините, минатото не е важно. Репрезентацијата и повикот треба секогаш да се заслужат на теренот, со настапи и со напорна работа секој ден со клубот.
Сега дојде новиот тренер, Роберто Манчини. Тој не треба да се претставува, освои Европско првенство пред неколку години и совршено го познава амбиентот. Ние играчите, без разлика дали сме повикани или не, ќе направиме сè за да ја вратиме нашата репрезентација на врвот. Се надеваме дека ќе им дадеме на сите навивачи, особено на децата, радост која ја заслужуваат“.
Зборувајќи за тешкотиите што ги надминал за време на кариерата, Димарко кажа дека научил пред сè никогаш да не се предава. Тој нагласи дека разочарувањата, дури и силни, му помогнале да израсне и дека тоа што стана е благодарение на тешкотиите што ги сретнал на патот. На крај, им препорача на младите да не се предаваат, да ја бараат силата внатре во себе и да покажат голема волја“.



