Димитиревски со Валенсија во осминафиналето во Купот на Шпанија
E R8 јан 2025

Валенсија синоќа го победи Елденсе во 1/16 финалето од Купот на Шпанија со 2:0.
На натпреварот одигран на стадионот „Нуево Пепико Амат“ во Елда голот на гостите успешно го сочува македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски.
Двата гола беа постигнати во првото полувреме. Прво Серхи Канос го отвори резултатот, а потоа Диего Лопез го удвои водството на гостите.
Противникот на Валенсија за 1/8 финалето ќе биде одреден по ждрепката.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



