Connect with us

Фудбал

Динамо Загреб започнува со реализација на феноменален трансфер

Динамо Загреб во јануари би можел да комплетира феноменален трансфер.

Сините тргнаа да го земат капитенот на холандскиот Витесе, Даниљо Доеки.

Споменатиот фудбалер има 23 години, игра на позицијата стопер, а неговата моментална вредност е три милиони евра.

Проблем за Динамо може да биде интересот на Наполи и Ренџерс за споменатиот фудбалер, но Сините не се плашат да влезат во трката за неговиот потпис.

Доеки за младинските селекции на Холандија одигра 14 натпревари, од кои пет за 21 репрезентација на оваа европска селекција.

Во младинските категории настапуваше за Екселзиор и Ајакс, а покрај холандското, има и суринамско државјанство, па пишуваше дека за оваа репрезентација може да игра од зоната Конкакаф бидејќи се уште чека покана за „А“ тимот на Орање.

Нема сомнеж дека на Максимир не очекува возбудлив јануари кога се во прашање трансферите.

Реклама

Facebook

Реклама