SportM
Фудбал

Директорот на Јувентус во Лондон не отпатувал само поради Маурицио Сари

Д М13 јун 2019
Директорот на Јувентус во Лондон не отпатувал само поради Маурицио Сари

Англиските медиуми минатата ноќ објавија дека директорот на Јувентус, Фабио Паратичи, отпатува за Лондон за да го организира пристигнувањето на Маурицио Сари на клупата на „Старата дама“.

Сари се согласи да го предводи Јувентус од следната сезона, но проблем сега создава Челзи кој не сака да го раскине договорот со овој тренер без никаков надомест. Наводно, Челзи од Јувентус бара околу пет милиони евра.

Сепак, Паратичи на островот не отпатувал само поради Сари. Според “The sun”, директорот на Јувентус може да направи некои разговори со двата клубови од Манчестер.

Манчестер Сити треба да започне преговори со Жоао Кансело кој би можел да го напушти Јуве, додека со Јунајтед треба да разговара за можното враќање на Пол Погба во Јувентус.

Наводно, разговорите за Погба треба да се одржат утре и во Јувентус се сигурни дека имаат големи шанси францускиот репрезентативец да се врати во редовите на шампионот на Италија.

Што се однесува до Кансело, ситуацијата е јасна, бидејќи Јувентус ја постави цената од околу 50 милиони евра. Но, Сити побара средба со него кога тој веќе пристигна во Англија и ќе се обиде да ја намали цената.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.