SportM
Фудбал

Добра вест за Ливерпул пред утрешниот натпревар

Д М22 окт 2019
Добра вест за Ливерпул пред утрешниот натпревар

Мохамед Салах се врати на тренинзите на Ливерпул пред нивната средба во Лигата на шампионите со Генк во среда.

Египетската sвезда ја пропушти средбата во неделата која заврши 1:1 против Манчестер Јунајтед поради повреда на глуждот, но сега е подготвен да се појави на средбата во ЛШ.

Ориги го зазеде местото на Салах на „Олд Трафорд“, каде доцниот погодок на Адам Лалана беше доволен за да го одржи непоразениот рекорд на „црвените“ во Премиер лигата, но не доволно за да се одржи рекордот на победи.

Изгледа дека 27-годишниот фудбалер, кој минатата сезона постигна 27 голови на 52 настапи, би можел да се врати во почетниот состав за натпреварот против Генк.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.