SportM
Фудбал

Добра вест за Македонија, Белингем ги пропушта првите квалификациски натпревари за Европското првенство

Д М12 јун 2023
Добра вест за Македонија, Белингем ги пропушта првите квалификациски натпревари за Европското првенство

Англискиот фудбалер Џуд Белингем, кој летово се пресели од Борусија Дортмунд во Реал Мадрид, ќе ги пропушти квалификациските натпревари на националниот тим за ЕП 2024 против Малта и Македонија поради повреда на тетивата.

Белингем ќе се приклучи на националниот тим, но тој период ќе го помине на рехабилитација во националниот фудбалски центар на Англија, соопшти фудбалскиот сојуз на Англија.

Младиот Англичанец минатата недела постигна договор со Реал Мадрид, а по лекарските прегледи ќе потпише договор вреден 103 милиони евра плус 31 милион евра бонуси.

Белингем постигна еден гол на 24 натпревари за Англија.

Натпреварот Англија – Македонија се игра на 19.06 со почеток во 20:45 часот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.