SportM
Фудбал

Добри вести за Барселона, Жорди Алба е подготвен за „Ел Класико“

Д М29 фев 2020
Добри вести за Барселона, Жорди Алба е подготвен за „Ел Класико“

Фудбалерите на Барселона утре играат големо дерби против лутиот ривал Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

Каталонскиот клуб пристигнува во Мадрид како лидер во Ла Лига и има два бода повеќе од утрешните ривали. Барса има четири последователни победи во Ла Лига, додека Реал Мадрид не беше во најдобра форма во последно време.

И двата тима имаат големи проблеми со повредени играчи, но сигурно сепак ќе имаме возбудлив натпревар. Пред да замине во Мадрид, Сетиендоби добрата вест бидејќи ќе може да смета на Жорди Алба.

Алба се опорави од повредата и тренираше со тимот вчера, а денес официјално е соопштено дека овој лев бек ќе биде на теренот за утрешното „Ел Класико“.

Ве потсетуваме дека натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона се игра утре со почеток во 21 часот.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.