Connect with us

Фудбал

Добри вести за Милан

Играчот за врска на Милан, Исмаел Бенакер се опорави од повредата на мускулот и ќе биде подготвен за следните натпревари.

Бенакер го пропушти дуелот со Фиорентина, но Алжирецот, кој во моментов без сомнение е еден од најдобрите играчи во Милан, е подготвен следниот викенд да игра против Сампдорија.

Тој ќе биде на располагање и за тренерот Стефан Пиоли за дуелот со Селтик во Лигата на Европа во четврток.

Во Милано сега чекаат да се опорават напаѓачите Рафаел Леао и Златан Ибрахимовиќ, но она што е исто така важно за нив – тие имаа доволно добри замени за важните играчи, па тоа не се почувствува на последните натпревари и резултати.