SportM
Фудбал

Добро се сеќава на тоа: Гатузо заврши само еден натпревар со сув дрес

Д М10 јан 2021
Добро се сеќава на тоа: Гатузо заврши само еден натпревар со сув дрес

Порано играч за врска, а денес ветувачки стручњак, Џенаро Гатузо во саботата го прослави својот 43 роденден.

Гатузо беше неприкосновен борец на фудбалскиот терен. Техниката и прегледот на играта не го красат, но сето тоа беше компензирано со трката и борбеноста.

Италијанецот играше за Милан, некогаш најдобрата екипа во светот, а играше и за италијанската репрезентација со која го освои Светскиот куп во 2006 година.

Популарниот Рино обично трчаше голем број километри на секој натпревар, од лицето капеше пот, а неговите дресови беа натопени со пот.

Гатузо пред неколку години призна дека само еден натпревар не завршил во мокар дрес и 20 години подоцна добро го памети.

“Завршив само еден натпревар со сув дрес. Тоа беше во јуниорите во Перуџа. Температурата тој ден ми беше 38 степени”, се сеќава тој.

По Перуџа, Гатузо помина една година во Ренџерс, а потоа се врати во Италија. Кариерата ја заврши пред седум години во Сион.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.