Додека сите се фокусирани на Мундијалот, Челзи заврши голема работа!

Светското првенство во Катар е во полн фокус на фудбалската јавност, но тоа не ги спречува клубовите да си ја вршат работата.
Така англискиот гигант Челзи денеска објави важна вест. Младиот стопер Тревор Чалоба потпиша нов договор со сините и ќе остане на Стемфорд Бриџ до летото 2028 година, соопштија денеска од клубот од Лондон.
Чалоба е дете на Челзи, ги помина сите јуниорски категории на клубот, а сега е редовен во првиот тим на менаџерот Грем Потер.
Момчето родено 1999 година во Сиера Леоне сигурно го чека одлична кариера, а покрај соиграчите во одбраната како искусните Тиаго Силва и Калиду Кулибали ќе може дополнително да се усовршува.
Trev’s time at Chelsea: extended! 🤝 pic.twitter.com/96KQIeYuVf
— Chelsea FC (@ChelseaFC) November 25, 2022



